Тотенхем „гори“ а Игор Тудор се „чешла“

Илјадници навивачи го напуштија стадионот веќе на полувремето од синоќешниот натпревар меѓу Тотенхем и Кристал Палас. Лондонскиот клуб се повеќе се соочува со закана од испаѓање од Премиерлигата.

Иако Тотенхем рано поведе, гостите постигнаа три гола за само 12 минути во првото полувреме.

Пресвртот беше предизвикан од пенал и црвен картон за Мики ван де Вен, по што тимот на Игор Тудор претрпе уште еден тежок пораз. Па, така Тотенхем остана единствениот тим во Премиер лигата без победа во 2026 година.

Серијата од 11 натпревари без победа е најдолгата на клубот од 1935 година, кога поминаа 15 натпревари без победа.

Сепак, тренерот Игор Тудор – кој ги загуби сите три натпревари откако го презеде тимот – тврди дека тимот оди во вистинската насока и ќе избори опстанок.

„Можеби звучи чудно, но по овој натпревар верувам повеќе отколку пред него. Видов нешто позитивно. Морам да ги изберам вистинските играчи – бродот оди во насоката во која сакам да оди, а оние што се во него можат да останат. Другите можат да го напуштат“, рече Тудор.

Се вчитува...