Маурисио Покетино влезе во пресметка со судијата Мајк Дин по поразот на неговиот Тотенхем на гостувањето кај Барнли со 2-1. Незадоволството и нервозата кај Покетино потекнуваат од фактот што шампионските соништа се се подалеку за екипата од Лондон. Па затоа Аргентинецот му изнакажа сешто на еден од најпознатите премиерлигашки арбитри, а препукувањето продолжило и во тунелот.
Негодувањето на Покетино беше поради досудениот корнер по кој Барнли го постигна голот за победа.
Тотенхем по овој пораз останува на третото место со 60 бода, пет помалку од Манчестер Сити и од Ливерпул кој пак утре ќе го одигра дуелот од оваа рунда против Манчестер Јунајтед.
? Wow! ?
Fair to say Mauricio Pochettino is not happy with referee Mike Dean after his side’s loss at Turf Moor! ?
Reaction in our live blog: https://t.co/8ntnbWB8dh pic.twitter.com/boXTN2od8f
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 23, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА