Тотенхем и Арсенал во трка за Малком

Бразилскиот интернационалец Малком не е задоволен од минутажата што ја добива во Барселона и бара брз излез од ситуацијата. Тој би можел да си замине од „Камп Ноу“ уште во јануари, а погледите му се насочени кон Премиер – лигата. За него се заинтересирани Тотенхем и Арсенал, кои го посакуваат на позајмица до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот.

Унаи Емери смета дека Малком одлично би се вклопил во неговата офанзивна линија, и Маурисио Покетино има огромна желба да го доведе во Тотенхем. Крајниот збор сепак ќе го има Барселона, која во летниот преоден рок успеа да го „украде“ пред носот на Рома.

Се очекува во случај на заминување Барса да бара 50 милиони евра за овој фудбалер, а можна е и опција на позајмица, но со обврзувачка клаузула за целосен откуп на договорот наредното лето.

Се вчитува...