Се исполни големата желба на клубот од северен Лондон. Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро беше означен како цел број еден во овој преоден рок и „Спарс“ успеаја да постигнат договор со Аталанта.
Секако, клубот од Бергамо се согласи на договор за продажба, но инкасираше одлична цена. Италијанскиот клуб ќе заработи 55 милиони евра од овој трансфер, што е најголемиот трансфер во заминување во историјата на овој клуб.
И самиот Ромеро е исклучително задоволен, бидејќи наводно сакал единствено да се пресели во Тотенхем, иако се споменуваше и Барселона како можна дестинација. Аргентинецот кој учествуваше во освојувањето на Копа Америка е на пат за Лондон, каде треба да ги помине медицински прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА