Напаѓачот на Баерн Минхен, Матис Тел е блиску до преселба во Тотенхем. Според „Ла Паризиен“, лондонскиот клуб постигнал начелен договор со Баерн за купување за 19-годишниот француски голгетер за 60 милиони евра.
Доколку оваа зделка биде успешна, тогаш Баерн Минхен ќе добие двојно повеќе пари од оние кои ги плати за Тел на Рен летото 2022 година.
Трансферот ќе зависи од одлуката на напаѓачот кој одлучува за својата иднина. Инаку Тел пред неколку дена донесе одлука да го напушти Баерн и тоа веднаш, со оглед дека не ја добива посакуваната минутажа.
Освен Тотенхем, за него интерес има и од Манчестер Јунајтед, Арсенал и Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА