Тотенхем и Мурињо во Скопје, ако Шкендија го мине Ботошани…, Ренова против Галатасарај

Англискиот гигант Тотенхем и Жозе Мурињо ќе гостуваат во Скопје во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа, доколку Шкендија успешно го мине второто коло со романски Ботошани.

Денешната ждрепка во Нион сакаше Шкендија во третото коло да се соочи со подобриот од пресметката меѓу Локомотив Пловдив и Тотенхем. Тетовци би биле домаќини во Скопје на 24. септември во третото квалификациско коло.

Ренова, пак, доколку го мине Хајдук, во третата рунда натпревари на мегдан ќе гостува против подобриот од дуелот меѓу азербејџански Нефчи и турски Галатасарај. Нефчи во првото коло го елиминираше Шкупи.

 

Се вчитува...