Мини-кризата во редовите на Тотенхем по поразот од Лестер и ремито со Ватфорд во Премиер-лигата е веќе надмината, откако „спарси“ денеска го декласираа тимот на Стоук со 5-1. Избраниците на Покетино одиграа одличен меч во кој го демолираа противникот, а работата значително им ја олесни Шокрос, кој си постигна автогол во раната фаза од мечот.
Стоук потоа мораше да се отвори, а Тотенхем го искористи тоа и постигна уште четири гола, два на Кејн и по еден на Ериксен и на Сон.
Супер-драматично беше на дуелот меѓу Кристал палас и Бурнемаут, што заврши 2-2. Џермејн Дефо постигна два гола за гостите, а трагичар на Кристал палас е Кристијан Бентеке, кој во 93. минута не реализираше пенал за тимот на Рој Хоџсон.
Резултати Англија:
Тотенхем – Стоук 5-1, Хадрсфилд – Брајтон 2-0, Свонси – ВБА 1-0, Барнли – Ватфорд 1-0, Кристал палас – Бурнемаут 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА