Во моментов, Хари Кејн не сака многу да се грижи за кој клуб ќе игра следната сезона, бидејќи во ум го има само финалето на Европското првенство на Англија. Сепак, кога ќе се врати на клупските должности, ќе мора да седне со шефовите на „Спарс“ и да разговара за можен престој или евентуален трансфер.
Засега, иднианта на Кејн воопшто не е позната. Хари има желба да го напушти Тотенхем, додека од друга страна клубот има желба по секоја цена да го задржи својот најдобар фудбалер. Англиските медиуми веќе пишуваат дека „Спарс“ ја одбиле понудата на Манчестер Сити од 100 милиони фунти за Кејн.
27 годишниот напаѓач има договор на уште три сезони со клубот од Лондон, а желба му е да се пресели на друго место за да може конечно да се бори за трофеи. Минатата сезона, Тотенхем беше само седми во Премиер лигата и го загуби финалето во Лига купот од Манчестер Сити.
„Задржувањето на Кејн не е само моја цел, тоа е цел на целиот клуб. Едвај чекам да го видам како игра во живо, имав среќа низ годините да гледам одлични играчи и напаѓачи, Роналдо, Тевез, Мората, Игуаин и многу други. Сега уживам во играта на еден од најдобрите напаѓачи во светот. Комплетен е и навистина посебен. Тој е вистински стрелец, вистинска деветка, но има и неверојатна техника“, изјави новиот директор на клубот, Фабио Паратиши, кој пристигна во Тотенхем од Јувентус.
Кејн изјави дека не сака да зборува за промена на клубот и дека неговиот фокус е насочен кон националниот тим, додека неодамна сопственикот на клубот, Даниел Ливи, изјави дека ќе има промена во составот, и дека клубот ќе ја донесе најдобрата одлука за двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА