Тотенхем остана без уште една шанса за освојување на трофеј откако „спарси“ неколку дена по елиминацијата од лига-купот на Англија денеска испаднаа и од ФА Купот, губејќи со 2-0 на гостувањето против Кристал палас.
Отсуството на главните ѕвезди Кејн и Деле Али се одрази врз изданието на лондонскиот клуб, кој немаше сили да го совлада градскиот ривал како што тоа беше случај во претходниот дуел во рамките од Премиер-лигата. Мечот беше решен по само триесетина минути игра, најпрвин Викам го отвори резултатот со удар од непосредна близина, пред Таунсенд од пенал да зголеми на 2-0.
Тотенхем најубавата шанса за гол ја имаше пред самиот крај на полувремето кога Трипие не реализираше пенал, во вториот дел „спарси“ целосно ја презедоа иницијативата, но не успеаја да ја затресат мрежата на домашниот тим и заслужено се елиминирани од ова натпреварување.
Connor Wickham’s first start for Crystal Palace in 792 days ?
Connor Wickham’s first goal for Crystal Palace in 799 days ⚽
Not bad timing! ? #CRYTOTpic.twitter.com/YDXPQIMET6
— Goal (@goal) January 27, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА