Одличните настапи на Хари Кејн во дресот на Тотенхем оваа сезона придонесоа повторно да дојде до раст во вредноста на 24-годишниот голгетер. Не е тајна дека Реал Мадрид будно ги следи неговите настапи и планира да испрати понуда во летниот преоден рок, но според последните информации „кралевите“ се откажале откако дознале дека цената за Кејн е веќе утврдена од страна на челниците на Тотенхем – вртоглави 250 милиони евра.
„Спарси“ дефинитивно го ценат својот голгетер повеќе од Нејмар и од Мбапе и доколку го продадат Кејн, планираат тој да стане најскап светски фудбалер на сите времиња. Сепак, од Реал Мадрид децидно порачуваат дека немаат намера да ја платат таа рекордна сума за да го доведат англискиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“.
„Хари Кејн е одличен фудбалер, згора на тоа е и млад. Сепак, неговиот ангажман не ми е приоритет, дури и не размислувам на таа тема. Нема ни да испраќаме понуда бидејќи во неформален разговор со претседателот на Тотенхем го прашав за цена, а тој ми рече дека Кејн вреди 250 милиони евра. Со тоа завршија разговорите на оваа тема, ние сме задоволни што го имаме Карим Бензема, со кого неодамна потпишавме и нов договор“ – изјави Флорентино Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА