Екипата на Маурисио Покетино ќе биде без нивниот „мотор“ во тимот, Кристијан Ериксен на утрешното гостување кај Апоел од Никозија. Аргентинскиот стратег истакна дека Данецот вчера не се чувствувал добро, па одлучил да не го вклучи во составот кој ќе патува во Кипар.
Тотенхем на овој меч ќе биде и без Јан Вертонген, кој поради црвен картон од средбата со Дортмунд ќе „одлежи“ суспензија, а од составот се уште недостасува Деле Али, кој отсуствува на вториот од трите меча казна, поради црвен картон од минатогодишниот натпревар со Гент во 1/16 финалето на Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА