Тотенхем нема да може да смета на Хеунг-Мин Сон цели шест недели на почетокот од следната 2024 година.
И покрај тоа што размислуваше дали да биде дел од националниот тим, сепак Сон одлучи да ја предводи Јужна Кореја на шампионатот на Азија кој се одржува од 12. јануари до 10. февруари.
Тренерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу ќе може да смета на напаѓачот против Бурнмаут, првиот ден од новата 2024 година, а потоа ќе отпатува за Абу Даби и ќе се приклучи на националниот тим. Што значи од 2. јануари па се до 12. февруари нема да биде на располагање на тимот од Лондон.
Се разбира, во зависност и тоа колку Јужна Кореја ќе стигне далеку на шампионатот на Азија. Но, Сон би можел да ги пропушти дуелите против Манчестер јунајтед, Брентфорд, Евертон и Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА