По три порази во низа Тотенхем конечно победи во Премиер-лигата откако во 23. коло славеше над Вест Бромвич Албиот со 2-0. Иако избраниците на Жозе Мурињо во првото полувреме беа подобар противник не успеаја да ги искористат своите шанси, па на пауза се замина со почетниот резултат.
Сепак, во вториот дел најдобриот тандем во лигата, Кејн-Сон стапи на сцена и со головите во 54. и 58. минута донесоа три бода за лондонскиот клуб. Тотенхем со триумфот се искачи на седмата позиција на табелата со 36 бода, додека ВБА останува претпоследна со само 12 бода и минимални шанси за опстанок во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

