Тотенхем купува Чешки голман

Според информациите на чешките медиуми, Славија Прага се договорила со Тотенхем за трансфер на голманот Антонин Кински. Тој веќе треба да е во Лондон, каде ќе биде подложен на лекарски преглед.

Деталите за трансферот се уште се тајна, но Тотенхем поради големиот број повреди мораше брзо да реагира, па Кински ќе биде број 1 во Лондон.

Гиљермо Викарио ја започна сезоната како број еден, но го скрши скочниот зглоб. Тој ќе паузира најмалку до април. Во тимот  се приклучи и искусниот Фрејзер Форстер (36) кој го замени на последните натпревари, a денеска покрај стативите на дуелот против Њукасл беше Брендон Остин.

Се вчитува...