Тотенхем му го нанесе првиот пораз на Челси во Премиер – лигата

Лондонските ривали Тотенхем и Челси одиграа одличен меч на „Вембли“, а составот на Маурисио Пелегрино му го нанесе првиот пораз на тимот од „Стемфорд бриџ“, совладувајќи го со 3-1. „Спарси“ фуриозно го почнаа дуелот, а англиските репрезентативци Деле Али и Хари Кејн донесоа водство од 2-0. Играчот за врска погоди во осмата минута, а осум минути подоцна во листата се запиша и првиот голгетер на Тотенхем.

Во 55.минута, Хјонг – Мин Сон зголеми на 3-0, а почесниот погодок за Челси беше дело на Оливие Жиру во самата завршница од дуелот.

Се вчитува...