Тотенхем му нуди 2 милиони евра месечна плата на Кејн да остане во клубот, но и функција по крајот на кариерата

Хари Кејн е во последната година од договорот со Тотенхем и се уште е прашање во кој тим ќе игра следната сезона. Баерн ги зголемува понудите за негов трансфер, се спомнува и ПСЖ, но Тотенхем засега се противи на сето тоа нудејќи му нов подобар договор за останување во клубот.

Во Тотенхем инсистираат на отштета од 140 милиони евра за трансфер на 29-годишниот напаѓач, што е цена која никој не сака да ја плати, посебно во ситуација во која Кејн следната сезона ќе ја дочека како слободен играч. Баерн нуди „само“ 80 милини евра, но Тотенхем не се согласува на тоа.

Останувањето на својата легенда, пак, Тотенхем сака да го осигура нудејќи му 1,9 милиони евра месечна плата и функција во клубот по завршувањето на кариерата.

Кејн на 435 натпревари за Тотенхем постигна 280 гола дополнети и со 64 асистенции. Без трофеј е со клубот чиј играч е од 2009 година.

Се вчитува...