Тотенхем на шопинг во Каталонија, прв на листата на желби е Депај

Мемфис Депај очигледно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи веќе е ставен на трансфер листа. Холанѓанецот минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, но Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.

Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Мемфис, а најсилен интерес за него покажува Тотенхем.

„Спарси“ го договорија трансферот на Ленгле, па сакаат да го доведат и Депај и се спремни да понудат 17 милиони фунти за 28-годишниот напаѓач.

Тотенхем е исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги донесе Перишиќ, Ричарлисон, Бусуфа и Ленгле, а Депај најверојатно ќе биде следниот.

 

 

Се вчитува...