Тотенхем најде нов клуб за Регуилон, повторно во Премиер-лигата

Серхио Регуилон ќе остане во Премиер-лигата иако Манчестер Јунајтед предвреме ја прекина позајмицата на шпанскиот интернационалец од редовите на Тотенхем.

На левиот бек му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на Постекоглу, но „спарси“ експресно најдоа нов клуб за Регуилон, и тоа повторно во Премиер-лигата. Брентфорд е клубот што постигна договор за да го позајми Шпанецот во своите редови до крајот на сезоната, а Тотенхем официјално го потврди новото заминување на овој фудбалер.

„Серхио Регуилон му се приклучи на Брентфорд, на позајмица за остатокот од сезоната 2023/24. Левиот бек го мина првиот дел од сезоната во Манчестер јунајтед, каде настапи на 12 средби во сите натпреварувања. Потпишан од Реал Мадрид во септември 2020, Серхио имаше 67 настапи за Тотенхем, постигнувајќи два гола“, се вели во клупското соопштение на „спарси“.

Се вчитува...