Тотенхем не може да чека: Ќе го ангажира „експертот за опстанок“

Неодамнешниот менаџер на Нотингем Форест, Шон Дајч, би можел да ја преземе улогата на спасител на Тотенхем во жестоката борба за опстанок до крајот на сезоната, но на Англичанецот не му се допаѓа фактот што лондонскиот клуб сака да му довери привремена улога.

Оваа информација ја објави „Мирор“ попладне, додавајќи дека Тотенхем се свртел кон Дајш поради инсистирањето на Роберто Де Зерби тој да го преземе клубот дури на крајот од сезоната.

На седум кола пред крајот на сезоната, Тотенхем е само еден бод над зоната за испаѓање, а по неуспешниот експеримент со Игор Тудор во Северен Лондон, ја искористија репрезентативната пауза во март за да го решат примарниот проблем. 

Дајч е без клуб откако се раздели со Нотингем кон средината на февруари, по серијата лоши резултати што го доведоа тимот од Премиер лигата минатата сезона на работ на опстанок. Важи за „експерт за опстанок“, затоа што досега има спасено неколку тима од најлошото сценарио. 

Свесен дека може да биде добро краткорочно решение, Дајч бил контактиран од Тотенхем, но тој не сака да биде искористен во борбата за опстанок, претпочитајќи долгорочен договор.

Се вчитува...