Тотенхем не сака да плати ни 10 милиони евра за Вернер

Фудбалската кариера на Тимо Вернер продолжува да оди во надолна линија. Германскиот репрезентативец ни оваа сезона не успеа да ги прикаже способностите па Тотенхем нема да го откупи неговиот договор од Лајпциг.

Вернер се врати на „Островот“ на стартот на сезоната и доби нова шанса во Лондон, но постигна само три асистенции на 18 одиграни натпревари што не е доволно за Тотенхем да одвои 10 милиони евра за ангажман.

Притоа тренерот Анже Постекоглу јавно го критикуваше 28-годишникот што наговести дека ќе мора да се врати назад во Лајпциг и доново да се бори за своето место во тимот.

Се вчитува...