Тотенхем нуди 30 милиони евра, но Олмо сака назад во Шпанија

Дани Олмо е подготвен за заминување од Динамо Загреб во поголем европски клуб, но хрватскиот шампион дефинитивно добро ќе го наплати овој трансфер. Лицитацијата почна уште пред крајот на ланската сезона, кога беа одбиени 22 милиони евра од Баер Леверкузен, а секој нов ден вредноста на младинскиот шпански репрезентативец се повеќе расте.

Тотенхем веќе понуди 30 милиони евра, сума што Динамо Загреб е подготвен да ја прифати за да му овозможи на Олмо трансфер како оној на Лука Модриќ пред десетина години. Сепак, проблем за „модрите“ е желбата на фудбалерот во преден план да ги разгледува понудите на екипите од Шпанија. Тој премногу млад дојде во Загреб, па во ситуација кога има бројни опции, сега Олмо сака да се врати назад во татковината.

Најзагреани за неговите услуги се челниците на Динамо Загреб, кои понудија 25 милиони евра, но беа одбиени пред една седмица. Дали мадридскиот клуб ќе се врати за да ја израмни понудата на Тотенхем, ќе дознаеме во блиска иднина бидејќи Диего Симеоне инсистира сите засилувања што поскоро да му се стават на располагање, за да има доволно време да ги воигра до стартот на новата сезона.

Се вчитува...