Тотенхем стигна до третиот триумф во Премиер – лигата оваа сезона, совладувајќи го Вест Хем на гости со 2-3. „Спарси“ имаа сигурно водство од 0-3, но Орие доби црвен картон, и потоа Вест Хем доби крилја за да постигне два гола. Сепак, тимот на Покетино на крајот ги освои трите бода.
Хари Кејн ги постигна првите два гола за Тотенхем уште во првиот дел, а во второто полувреме погоди и Кристијан Ериксен. Се чинеше дека работата е завршена, но потоа Вест Хем го направи мечот интересен, со два гола. Чичарито и Коујате му дадоа надеж на домаќинот, но, сепак, Вест Хем немаше сили и за трет погодок, за да стигне до израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА