Тотенхем очекувано го совлада нисколигашот Њупорт со 2-0 во возвратниот натпревар од 1/16 финалето во ФА купот на Англија и се пласира во следната рунда каде го очекува дуел со Рочдејл. Менаџерот Маурицио Покетино им даде шанса на дел од ’резервистите’, но и тоа беше доволно за да се забележи рутински триумф.
Во 26.минута, Тотенхем поведе со автоголот на Батлер, а осум минути подоцна во листата на стрелците се запиша Ерик Ламела. Во вториот дел „спарси“ имаа многу шанси, но беа и неверојатно неефикасни во завршницата од акциите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА