Нашаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон е блиску да се пресели во дресот на Галатасарај. Бразилецот наводно добил зелено светло да го напушти тимот од страна на неговиот нов тренер Томас Франк, кој ќе бара друго решение во нападот.
Бразилскиот интернационалец дојде на „Вајт Харт Лејн“ во 2022 година за 60 милиони евра од Евертон, меѓутоа не пружи партии какви што се очекуваше, а тука беа и многуте повреди кои му се случија.
Исто така покрај Галатасарај, се споменуваше и негово враќање во Евертон, но „карамелите“ засега не се заинтересирани за враќање на бразилскиот голгетер. Ричарлисон би требало да биде замената за Виктор Осимен кој е пред заминување од Истанбул и продолжување во некоја од топ 5 лигите, или во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

