Тотенхем „осакатен“ во финалето во Лига Европа

Тотенхем ќе биде значајно ослабен во финалето во Лига Европа, соопшти тренерот Анже Постекоглу. Австралискиот стратег со грчко потекло нема да може да смета на Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин.

Натпреварот кој ќе биде одигран на 21. мај во Билбао ќе биде од огромно значење за англиските тимови со оглед на тоа што освојување на финалето значи и директен пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Се вчитува...