Тотенхем остана со празни раце – Конте е бесен, ќе следи ли оставка?!

Антонио Конте е бесен на управата на Тотенхем, откако Даниел Леви не ги исполни дадените ветувања кон италијанскиот стратег околу засилувањата на играчкиот кадар во јануарскиот преоден рок.

Италијанецот бараше три засилувања, а приоритет му беше ангажманот на Адама Траоре од Вулверхемптон. Лондонскиот клуб долго преговараше, не успеа да се договори со „волците“, а последните информации велат дека Тотенхем ќе извиси откако Барселона се вклучила во трката по Траоре. Сега самиот фудбалер инсистира на преселба на „Камп Ноу“, а „волците“ се подготвени да прифатат и шестмесечна позајмица за овој фудбалер, доколку има вметнатно клаузула за задолжителен откуп во текот на летото.

Конте важи за тренер кој лесно го губи трпението со своите „шефови“. Тој поради несогласувања околу трансфер-политиката си замина од Јувентус по неколку освоени трофеи, а во текот на летото го напушти и Интер од истата причина, откако клубот реши да ги продаде Лукаку и Хакими.

Неговиот став од самото преземање на кормилото на „спарси“ бил дециден – ќе бидат неопходни засилувања за да се постигнат зацртаните цели. Досега неисполнетите ветувања кон Италијанецот секогаш резултираа со негово заминување од клубот, па челниците на Тотенхем со право стравуваат дека тоа може да се случи и овојпат.

Се вчитува...