Турбулентната сезона во која потполно потфрли во Премиерлигата ќе донесе бројни заминувања од Тотенхем престојното лето, особено доколку лондонскиот клуб не успее да ја освои Лига Европа со што одново би изборил пласман во европските натпреварувања за следната сезона.
Еден од оние кои наговести заминување е и Кристијан Ромеро, аргентинскиот стопер со вредност од 55 милиони евра на трансфер пазарот кој од пристигнувањето во Тотенхем се наметна како еден од најдобрите фудбалери во составот.
За Аргентинецот постои голем интерес од Атлетико Мадрид, а и самиот наговести дека е време за промена целејќи на дополнителен развој.
„Во полуфиналето сме на Лига Европа и сакам да ја завршам сезоната на високо ниво. Што потоа, ќе видиме. Мојот фокус е на постојан развој и барање на нови средини за тоа“, изјави Ромеро.
Ромеро пристигна во Тотенхем од Аталанта во 2022 година по трансфер вреден 52 милиони евра. Претходно настапуваше и за Белграно, Џенова и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА