Тотенхем откри кој член на семејството на Тудор почина

Таткото на хрватскиот тренер Игор Тудор почина вчера, а тој дозна за тажната вест по натпреварот со Нотингем форст во Премиерлигата. Тудор не ги исполни своите медиумски обврски по тешкиот пораз од Нотингем Форест.

Тотенхем и   неговиот поранешен клуб Јувентус денеска објавија дека таткото на 47-годишниот стручњак починал.

„Сите во Тотенхем се многу тажни поради смртта на таткото на Игор Тудор. Нашите мисли и сочувство се со Игор и неговото семејство во ова неверојатно тешко време“, соопшти Тотенхем.

Тудор дозна за веста веднаш по натпреварот во недела.

Се вчитува...