Англискиот премиерлигаш Тотенхем сака да ја засили конкуренцијата во одбраната до крајот на летниот преоден рок. Менаџерот Маурицио Покетино има желба да го доведе дефанзивецот на Ајакс, Девинсон Санчез, на „Варт Харт Лејн“. За тоа „спарси“ се подготвени да платат 35 милиони фунти.
Колумбискиот фудбалер има 21 година, и имаше одлична сезона во Ајакс, па го сврте кон себе вниманието на неколку европски клубови, меѓу кои и Милан, Барселона, Челси и Манчестер јунајтед. Но, Покетино ќе се обиде да го убеди Девинсон Санчез дека Тотенхем за него ќе биде идеална средина, каде ќе може рапидно да напредува добивајќи голема минутажа во првиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА