Дани Олмо по само една сезона помината во Барселона може да замине од каталонските редови и кариерата да ја продолжи во Премиерлигата каде за негов ангажман постои сериозен интерес од страна на Тотенхем.
Лондонскиот клуб остана без својата ѕвезда Џејмс Медисон кој заработи тешка повреда и ќе биде надвор од теренот речиси цела сезона па Англичаните се приморени да бараат замена која се чини дека ја најдоа во Барселона.
Според шпанските медиуми преговори се веќе започнати и Тотенхем е подготвен да издвои 80 милиони евра за негов ангажман, сума која значително ќе ја подобри финансиската ситуација кај каталонците особено земајќи го фактот дека Олмо не е прва опција на тренерот Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

