Тотенхем ја оствари четвртата последовна победа во Премиер – лигата совладувајќи го Лестер со 3-1. Тимот на Маурисио Покетино има 60 бода, пет помалку од лидерот Ливерпул.
Девинсон Санчез го отвори резултатот во 33.минута, а Лестер не реализира пенал во 60.минута. Хуго Лорис го одбрани ударот на Џејми Варди, на кого тоа му беше прв допир со топката по влегувањето во игра. Само три минути подоцна Кристијан Ериксен зголеми на 2-0.
Варди намали на 2-1, а во самата завршница Хјонг – Мин Сон го постави конечниот епилог.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА