Екипата на Тотенхем се подготвува на заминувањето на Хари Кејн. Англичанецот е во преговори со Баерн за трансфер на напаѓачот, а тој има договор на уште една година со Тотенхем. И натаму не е јасно дали капитенот на Англија ќе се пресели во Минхен, но се решија да ја најдат замената.
Според „Л’Екип“, Тотенхем веќе ја најде замената за Кејн, и тоа во тимот на Лил. Џонатан Дејвид би можел да биде замената за голгетерот. Франускиот тим веќе му одреди цена од 60 милиони евра.
За него има интерес и од други клубови, како Њукасл, Челси, Милан… Вчера претседателот на Лил најави дека Дејвид ќе ги почне подготовките со екипата, но и дека вратата е отворена за трансфер, но и дека нема да биде продаден по секоја цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

