Тотенхем поведе, па доживеа „дебакл“ од Брентфорд (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем се оддалечи од местата кои носат во Европа, со поразот на домашен терен од Брентфорд. Лондонскиот тим никако да ја најде потребната форма, па со денешниот пораз од директниот конкурент за Европа, си го загрози местото во Лигата на Конференции, односно во Лигата на Европа, ако заврши на шестото место на табелата.

Тотенхем супер го почна дуелот, поведе со прекрасниот гол на Хари Кејн кој погоди од 25-30 метри. Можеби еден од најубавите голови на Кејн во кариерата.

Но, во вториот дел како друг тим на Брентфорд да излезе на теренот во Лондон, па Мбуемо во 50. минута најпрво израмни, а потоа истиот играч во 62. минута донесе пресврт.

Тотенхем не успеа да се врати во мечот, а дефинитивен крај беше во 88. минута кога Виса ги постави конечните 1-3.

Се вчитува...