Тотенхем подготвува сериозна реконструкција на тимот за новата сезона, по една од најлошите сезони во поновата историја на клубот.
Интересно, прв на листата за трансфер, како што пренесуваат англиските медиуми, е Хеунг-мин Сон, легенда на Тотенхем кој е стрелец на 172 гола за клубот од северен Лондон.
Најавите се дека Сон, кој во Тотенхем е од 2015 година кога пристигна од Баер Леверкузен, може да биде продаден веќе во јуни, без разлика дали Ангелос Постекоглу ќе остане на клупата на Тотенхем или не.
Желбата на тимот е со продажбата на Сон да се ослободи место за 26-годишниот Еберечи Езе, кој има одлични настапи за Кристал Палас. Летово беше на мета на големите клубови, но сепак остана во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

