Toтенхем прими гол, па го прегази Вест Хем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако денеска во премиерниот меч од 8. коло во англиската Премиерлига без поголеми проблеми на домашен терен славеа против Вест Хем со 4-1.

Гостите изненадувачки поведоа со 0-1 со погодокот на Кудус уште во 18. минута од натпреварот. До крајот на првото полувреме домаќините преку Кулушевски успеаја да израмнат на 1-1 во 36. минута.

Целосен пресврт (2-1) направи Бисуна во 52. минута, а само три минути подоцна беше и 3-1 со автоголот на Тодибо. Конечните 4-1 ги постави Сон во 60. минута.

Tottenham Hotspur [4] – 1 West Ham United – Son Heung-min 60‎'‎
byu/Rudigaa insoccer

 

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...