Tотенхем продолжува да тоне, Астон Вила конечно победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем продолжуваат да тонат се подлабоко во домашниот шампионат откако денеска загубија против Нотингем форест со 0-3 во меч од 31. коло во Премиерлигата и со тоа се само на бод од опасната зона.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Игор Жезус во 45. минута од првото полувреме. На 0-2 зголеми Морган Гибс-Вајт во 62. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Авонији во 87. минута.

Tottenham 0 – [3] Nottingham – T. Awoniyi 87'
byu/Alsace2025 insoccer

Астон Вила по четири меча конечно успеа да слави во Премиерлигата на домашен терен против Вест Хем со 2-0. Стрелци на головите за Астон Вила беа Мекгин и Воткинс.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...