Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, се обидува да пронајде соодветно решение во средниот ред на тимот, по најавите дека Муса Дембеле ќе си замине. Тој гледа кон Андре Гомеш, португалскиот интернационалец кој како позајмен играч настапува за Евертон. По неуспешната епизода во Барселона, Гомеш доби шанса во Премиер – лигата и ја искористи на одличен начин. Неговите игри ги забележа Покетино и сака да го откупи неговиот договор од Барса.
Евертон го има правото прв да преговара за Андре Гомеш, но се чини дека „карамелите“ не се подготвени комплетно да го откупат во јануари. Тоа сака да го искористи Тотенхем и ќе се обиде да го ангажира играчот за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА