Англискиот премиерлигаш Тотенхем води жестока битка за шампионската титула во Премиер – лигата со лидерот Челси, но веќе размислува и за следната сезона и настапот во Лигата на шампионите. Менаџерот Маурисио Покетино сака да го засили својот тим со крилниот играч на Баерн Минхен, Даглас Коста.
Бразилскиот интернационалец оваа сезона не е стандарден првотимец кај Карло Анчелоти, најчесто влегува од клупата за резерви, и тоа воопшто не му се допаѓа, па најави дека можеби ќе ја напушти Алијанц арена“. Токму тоа сака да го искористи Тотенхем и за сума од 30 милиони евра да го доведе на „Вајт харт лејн“. Даглас Коста има договор со Баерн Минхен до јуни 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА