Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро е на пат да стане нов играч на Атлетико Мадрид. Не помогна ниту понудата на лондонскиот тим, стоперот да биде најплатениот играч во тимот. Едноставно, Ромеро бара да се пресели во Мадрид.
Атлетико понуди 55 милиони евра веднаш, плус 15 милиони евра во бонуси за играчот, кои би требало да бидат доволни, и покрај тоа што Тотенхем инсистира на нешто повеќе.
Минатата сзона Ромеро одигра 18 меча за Тотенхем. Леви беше подговен да го направи најплатен во екипата, меѓутоа Аргентинецот инсистира да замине во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

