Тотенхем долго се мачеше, па дури по продолженија славеше со 3-0 против петтолигашот Тамворт во 3. коло од англискиот ФА Куп.
Тотенхем, со еден комбинирана состав, одигра навистина бледо низ регуларните 90 минути, па откако потоа во судиското продолжение во игра влегоа ѕвездите на тимот, Сон, Спенс и Кулушевски, лесно го скрши отпорот на домашниот нисколигаш.
Со автоголот на Шикуна, Тотенхем поведе во 101. минута, а потоа стрелаа и Кулушевски во 107. минута и Џонсон во 118. минута за конечни 0-3 и пласман во следната рунда натпревари од ФА Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА