Тотенхем е првиот тим што дефинитивно се откажа од намерата да го доведе Пауло Дибала во своите редови, поради нереалните финансиски побарувања на аргентинскиот голгетер.
Британските медиуми објавија дека „спарси“ веќе официјално ги прекинале преговорите со агентот на голгетерот, кој инсистирал на плата од 320.000 евра неделно, плус богат бонус за самиот потпис на договорот. Антонио Конте сакаше да го види Дибала во својот тим како партнер во нападот за Хари Кејн, но италијанскиот стратег се согласил со управата, дека е непотребен ризикот за вложување богатство во играч што е сериозно склон кон повреди.
Манчестер Јунајтед покажува интерес, но се уште нема испратено официјална понуда до Дибала, за кого станува се поизвесно дека кариерата ќе ја продолжи во Италија, и тоа во дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА