Тотенхем се пофали со новиот стадион… и изгледа фантастично (видео)

По неколку одложувања и финиширања на градежните работи, Тотенхем конечно може да се пофали дека е готова изградбата на новиот стадион на овој лондонски премиерлигаш.

„Тотенхем хотспар“ стадионот ја чинеше управата на клубот 850 милиони фунти, сума што ја прави оваа арена една од најскапите во Европа. Новиот стадион е со капацитет од 61.599 места за седење, а јужната трибина, направена по примерот на „жолтиот ѕид“ во Дортмунд, може да прими 17.500 фанови.

Тотенхем по случан избор селектираше 6.000 фанови од оние кои имаат сезонски билети, при што среќниците се здобија со можност први да направат тура низ новата арена. Тие можеа да ги видат своите места на трибините, да прошетаат и низ подтрибинскиот простор, но и да пробаат дел од гастрономската понуда на штандовите за храна.

Тотенхем досега потврди дека дуелот на домашен терен со Манчестер јунајтед ќе го игра на „Вембли“ на 13 јануари, а се очекува наскоро потоа и дефинитивно да се добие зелено светло за настап на новата арена.

 

Се вчитува...