Фудбалерите на Тотенхем со мислите експресно се насочуваат кон дуелот со Шкендија, откако беше откажан нивниот меч од лига-купот на Англија што требаа да го играат вечерва на гостински терен против Лејтон Ориент.
Раководството на Лејтон Ориент уште во текот на вчерашниот ден објави дека дури десет фудбалери на овој тим се позитивни на Covid-19, барајќи одложување иако во меѓувреме биле собрани петнаесетина фудбалери кои ќе можеа да настапат против „спарси“. Раководството на англиската фудбалска лига, која е организатор на лига-купот, чекаше дури до попладнево за официјално да објави дека мечот нема да се игра.
Во краткото соопштение не беше наведено дали средбата ќе биде презакажана, или Тотенхем ќе добие службена победа поради масовната зараза од Covid-19 во таборот на противникот.
Жозе Мурињо и неговите избраници утре ќе имаат еден тренинг во Лондон, по што ќе отпатуваат за Скопје, каде в четврток ги очекува дуелот со Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

