Англискиот премиерлигаш Тотенхем го посакува во своите редови хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ, тврди германскиот „Билд“. Тој игра одлично во дресот на Хрватска на ова Светско првенство, беше и стрелец во синоќешниот триумф против Аргентина, а сето тоа го скенира и менаџерот на „спарс“, Маурицио Покетино.
Тотенхем е подготвен да плати 30 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт и да го доведе во Лондон. Сепак, тој е и на радарот на Баерн Минхен, и тоа на инсистирање на новиот тренер на клубот, Нико Ковач, со кого имаа соработка во тимот од Франкфурт. Сепак, Ајнтрахт веќе јавно истакна дека нема намера да го продаде Ребиќ за сума помала од 40 милиони евра. Очигледно дека преговорите со Тотенхем допрва ќе влезат во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА