Тотенхем шест седмици без Вертонген

Дефанзивецот на премиерлигашот Тотенхем, Јан Вертонген ќе паузира шест седмици од фудбалските терени, поради повреда на скочниот зглоб. Натпреварот против Вест Бромвич Албион се покажа како кобен за белгискиот одранбен фудбалер и се очекува негово враќање во тимот на крајот на следниот месец.

„Вертонген се чувствува добро и е со позитивни мисли. Очекуваме да се опорави потполно за околу шест седмици, што е помалку од нашите очекувања. Имаме многу фудбалери на таа позиција и во овој зимски преоден рок, нема да купуваме нов играч“ – истакна Покетино.

После 21 одигран натпревар, тимот од Маурисио Покетино се наоѓа на втората позиција на табелата во Премиер лигата со 45 бода, седум помалку од лидерот Челси.

Се вчитува...