Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед со 2-0 на „Вембли“ и му се доближи на само пет бода негатива, иако се уште се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата. Жозе Мурињо и неговите фудбалери веќе може да се откажат од трката за титулата, затоа што Манчестер сити има 15 бода предност на врвот, со оглед дека вечерва лесно го победи Вест Бромвич Албион на „Етихад“ со 3-0.
Кристијан Ериксен по само 11 секунди игра му донесе предност на Тотенхем против Манчестер јунајтед, а амбициите на „црвените ѓаволи“ ги докусури Фил Џоунс кој си постигна автогол.
Манчестер сити со 3-0 го совлада ВБА. Фернандињо во 19.минута го постигна првиот погодок, Кевин Де Бруин зголеми на 2-0 во 68.минута, а во завршницата и Серхио Агуеро се запиша меѓу стрелците.
Резултати Англија: Манчестер сити – ВБА 3-0, Тотенхем – Манчестер јунајтед 2-0, Стоук – Ватфорд 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА