Тотенхем славеше против Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Тотенхем во натпревар од 2. коло од новата сезона во англиската Премиерлига.

„Црвените-ѓаволи“ беа подобар противник во првиот дел, но тоа не успеаја да го искористат, а не беше досуден ниту пенал за фудбалерите на Тен Хаг откако во 26. минута Ромеро играше со рака по ударот на Гарначо.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 50. минута кога Сар со својот прв гол за Тотенхем донесе водство за својот тим од 1-0. Конечите 2-0 беа автогол на Мартинез во 83. минута.

 

Tottenham [1] – 0 Manchester United – Pape Matar Sarr 49'
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...