Тотенхем цели кон засилување на одбраната, а изборот падна на дефанзивецот на Монако, Вандерсон, пренесуваат француските медиуми. 23-годишниот десен бек се разгледува како замена за Емерсон Ројал.
Преговорите се веќе во тек и лондонскиот тим е подготвен да издвои до 30 милиони евра за негов ангажман.
Пречка за реализација на трансферот се очекува да бидат самите клубови, туку самиот Бразилец кој во воведниот дел од кариерата бара минутажа. Таа во Тотенхем нема лесно да ја добие со оглед на тоа што за истото место се борат и Педро Поро и Џед Спенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА