Тотенхем со „петарда“ го „избриша“ Евертон (ВИДЕО)

Со натпреварот меѓу Тотенхем и Евертон вечерва беше заокружено 28. коло од Премиер-лигата. „Петлите“ со резултат од 5-0 остварија убедлива победа над Евертон.

Мечот го отвори Мајкл Кин, играчот на Евертон кој ја затресе сопствената мрежа, постигнувајќи си автогол во 14. минута, во обид да го спречи Хари Кејн да дојде до нафрлената топка. Веќе во 17. минута Тотенхем поведе со 2-0, стрелец на голот овој пат беше Сон.

На пауза се замина со 3-0, откако Хари Кејн ја затресе мрежата на „карамелите“ во 37 минута.

Второто полувреме го отвори Серхио Регилон, кој веднаш успеа да ја израдува присутната публика, постугнувајќи гол во 46. минута. Супериорната игра на Тотенхем беше запечатена со петтиот гол на Хари кејн, кој по втор пат се запиша во листата на стрелци во 56. минута.

По оваа победа Тотенхем се наоѓа на седмата позиција со 45 бода, исто колку што има и шестопласираниот Вест Хем.

https://playergg.com/uploaded/1646684045.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1646684228.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1646685423.mp4#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1646687078.mp4#t=0.1

https://playergg.com/streamwo/uploaded/1646687635.mp4#t=0.1

Се вчитува...