Тотенхем со многу мака стигна до стартниот триумф во Премиер-лигата. Астон Вила се закани и поведе со голот на Џон Мекгин во деветтата минута, а тимот на Маурисио Покетино долго ја бараше својата игра.
Новото засилување Тангуј Ндомбеле ја искористи дебитанската шанса и израмни во 73.минута, а потоа на сцена стапи капитенот Хари Кејн. Тој во 86.минута се погрижи за целосен пресврт, а четири минути подоцна и стави точка на триумфот за Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА